Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
13.05.2024 07:56
Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи...

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
