рибарство

Финансиска поддршка за порибување

13.05.2024 08:02

Со 9.5 милиони денари државни пари ќе се финансира зголемувањето на рибниот фонд. Порибувањето и годинава е обврска на концесионерите кои за оваа намена ќе добиваат субвенции. Во годишната програма за рибарство предвидени се и средства за дополнителна физичка заштита по одделни риболовни води …

Субвенциите се наменети за надомест на прифатливи трошоци за вршење на вештачки мрест, за обезбедување на порибителен материјал или за рехабилитација, доградба, надградба и опремување на постоечките мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал во регистрираните репроцентри.

Во годишната програмата за рибарство се предвидени и пари за дополнителна физичка заштита на рибите која се врши во време на природен мрест за периодот од 1 ноември 23 до 30 септември 2024 година.

Со 1,5 милиони денари ќе се финансираат и рибочуварите со просечна месечна бруто-плата во дејноста, изнајмувањето на пловни објекти и горивото.

Концесионерите на рибите од риболовните води можат да побараат субвенции и за набавка на опрема за видеонадзор до најмногу 30 000 денари во зависност од условите на теренот.

Скоро 3 милиони денари се наменети за развој на нови пазари и промотивни кампањи.

Јавниот повик со роковите го објавува Платежната агенција.

 

Методија Трајков