ИЗРАЕЛ

Блинкен: Израел постапуваше неконзистентно

13.05.2024 08:18

Израелскиот премиер Нетанјаху вети дека ќе ја продолжи операцијата во Газа во спомен на цивилите и војниците кои беа убиени на 7-ми октомври...

Израел постапуваше неконзистентно со обврските што произлегуваат од меѓународното хуманитарно право, вели американскиот државен секретар Блинкен. Според него, големата израелска офанзива во Рафах би предизвикала хаос и анархија без елиминирање на Хамас.

„Резултатите што ги видовме, во однос на ужасните загуби на невини цивили, разумно е да се процени дека има случаи каде што тие постапувале неконзистентно со нивните обврски од меѓународната хуманитарна заштита. Исто така, не видовме план за тоа што ќе се случи ден по завршувањето на оваа војна. Затоа што во моментов, траекторијата по која оди Израел, дури и ако влезе и преземе тешки дејствија во Рафах, сепак ќе останат илјадници вооружени лица на Хамас“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Говорејќи на годишната церемонија за загинатите војници, израелскиот премиер Нетанјаху вети дека ќе ја продолжи операцијата во Газа во спомен на цивилите и војниците кои беа убиени на 7-ми октомври и за време на тековниот конфликт.