РУСИЈА
Путин го смени министерот за одбрана Шојгу
13.05.2024 08:21
На негово место доаѓа Андреј Белоусов. Тој ја извршуваше функцијата помошник на претседателот од 2013 до 2020 година, а потоа беше именуван за прв потпретседател на Владата на Руската Федерација...

Рускиот претседател Путин го смени Сергеј Шојгу од функцијата министер за одбрана и го назначи за секретар на Советот за национална безбедност. На негово место доаѓа Андреј Белоусов. Тој ја извршуваше функцијата помошник на претседателот од 2013 до 2020 година, а потоа беше именуван за прв потпретседател на Владата на Руската Федерација.
Промената доаѓа откако шефот на Кремљ го почна петтиот претседателски мандат во момент кога војната во Украина се одолговлекува веќе трета година.
