УКРАИНА

Жестоки битки во Харков и Доњецк

13.05.2024 08:27

Силите претрпеле најмногу жртви во судирите над стратешкиот град Часов Јар и блиските села во Доњецк...

Украинскиот претседател вели дека Армијата на земјата се соочува со тешка ситуација. Силите претрпеле најмногу жртви во судирите над стратешкиот град Часов Јар и блиските села во Доњецк.

„Руските психолошки операции се секогаш енергија за копнените операции. Окупаторот се храни со лаги и страв. Одбранбените битки никогаш не се лесни. И тие секогаш стануваат потешки кога непријателот успева да го искористи стравот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во Харков, одбранбените битки се во тек во дел од пограничната област. Расте црниот биланс во Белгород. За време на гранатирање од страна на Украина, се урна влез на повеќекатница.