ГРУЗИЈА
Во Грузија демонстрации поради Предлог-закон за медиуми
13.05.2024 08:29
Владејачката партија вели дека предлог-законот е неопходен за да се спречи, штетното странско влијание...

Демонстрации во Грузија. Полицијата се обиде да го растера собирот пред Парламентот пред состанокот на Правната комисија за расправата за законот за странско влијание. Владејачката партија вели дека предлог-законот е неопходен за да се спречи, штетното странско влијание.
Опозицијата пак тврди дека предлог-законот е руски, бидејќи Москва користи слично законодавство за да ги стигматизира независните медиуми и организациите кои го критикуваат Кремљ.
