КАТАЛОНИЈА

Социјалистите доминираат во каталонскиот парламент

13.05.2024 08:34

Шпанската социјалистичка работничка партија на премиерот Педро Санчез ќе биде првата политичка сила во новиот состав на каталонскиот парламент...

Каталонските сепаратисти го загубија мнозинството во регионалниот парламент на изборите одржани вчера во североисточниот шпански автономен регион. Шпанската социјалистичка работничка партија на премиерот Педро Санчез ќе биде првата политичка сила во новиот состав на каталонскиот парламент.

„Во својата 45-годишна историја, Каталонската социјалистичка партија за првпат победи на регионалните избори, и по бројот на гласови и по места во парламентот. Ова ни овозможува да кажеме дека Каталонија започнува нова ера“, изјави Салвадор Ила, кандидат за регионално претседателство на Каталонија за Каталонската социјалистичка партија.

„Ќе почнеме серија разговори за да се одлучи која ќе биде најдобрата влада за Каталонија. И пред сè да се избегне нешто што мислам дека нема да биде добра вест за ниту еден граѓанин, а тоа е повторување на изборите“, изјави Карлос Пуџдемонт, кандидат за каталонско регионално претседателство на „Заедно за Каталонија“.

Прелиминарните резултати им даваат на трите сепаратистички политички сили само 59 места во 135-члениот регионален парламент. Партијата „Заедно за Каталонија“ на Карлес Пучдемон која се залага за независност на Каталонија, освои 35 места и го зголемува присуството за тројца пратеници.