Македонија

Тркалезна маса за криминалистички истраги за еколошки кривични дела

13.05.2024 09:31

Факултетот за безбедност – Скопје денеска ќе организира тркалезна маса на тема „Криминалистички истраги за еколошки кривични дела во Република Северна Македонија“...

Факултетот за безбедност – Скопје денеска ќе организира тркалезна маса на тема „Криминалистички истраги за еколошки кривични дела во Република Северна Македонија“.

Како што соопшти организаторот, целта на настанот е преку дискусија да се придонесе за подобрување на состојбите за сузбивање на еколошкиот криминалитет, зголемување на ефикасноста на криминалистичките истраги, зајакнување на капацитетите во полицијата, обвинителството и судството, да се согледаат одредени недостатоци и да се посочат евентуални предлози за подобрување на актуелната состојба.

Тркалезната маса ќе почне со обраќања на проректорот на Универзитет Св. „Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Јове Талевски, и деканот на Факултетот за безбедност – проф. д-р Никола Дујовски.