Временска прогноза

Од вечерва до петок нестабилно време со дожд и грмежи

13.05.2024 10:33

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во овој период претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и појава на грмежи...

Денеска времето ќе биде стабилно, сончево со умерена облачност, а попладне можен пороен дожд и ретки грмежи во запaдните и југоисточните делови од земјата.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во овој период, претежно во попладневните часови, ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и појава на грмежи.

Најсвежо ќе биде во среда и четврток, а потоа температурата ќе се покачи.