Радев: Нема ревидирање на преговарачката рамка
Преговарачката рамка, за информација на одговорните институции во Македонија, нема да се ревидира, истакна бугарскиот претседател Румен Радев...

Преговарачката рамка, за информација на одговорните институции во Македонија, нема да се ревидира, истакна бугарскиот претседател Румен Радев. Тој нагласи и дека Бугарија не прифаќа изјави и однесување што се во спротивност со Договорот за добрососедство од 2017 година, како и со другите меѓународни договори кои Македонија ги потпиша, по повод свечената изјава на новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова.
„Убеден сум дека европската перспектива на Република Северна Македонија зависи од строгата имплементација на меѓународните договори, како и на оној одобрен од Европскиот совет во 2022 година. Преговарачката рамка, за информација на одговорните институции во Република Северна Македонија, нема да се ревидира“, потсети Радев.
