Временските промени ги чувствуваат сите, од најмалата до најстарата популација
Променливото време влијае на здравјето на сите. За викендов над 170 интервенции имала првата помош само во Скопје но очекува следните денови да добие повеќе повици...

Променливото време и температурните разлики влијаат врз здравјето на граѓаните. 170 интервенции викендов што измина во Итната медицинска помош. Од таму велат дека наредниве денови очекуваат да се зголеми бројот на повици на 194.
Настапуваат периоди со нестабилно време што го чувствуваат сите, од најмала до најстара популација. Граѓаните велат дека ги чувствуваат промените на времето. Секогаш кога времето се менува, тоа влијае на нивното здравје.
Нестабилно време до петок
Од наредниве денови се очекува нестабилно време. Овие врнежи ќе бидат проследени и со пад на температурата. Во текот на утрешниот ден температурата ќе падне за 5 до 7 степени во однос на денешната.
Нестабилното време ќе се задржи до петок. Од наредниот викенд, веќе се очекуваат високи температури.
Ана Јосифоска – Тодоровска
