Изложба

Изложба на Вилсон Нето - „Превртена археологија“

13.05.2024 13:44

Куратори на изложбата се македонско-францускиот куратор Гордана Велков и бразилско-германскиот куратор Алдонсо Паласио. Проектот беше имплементиран од фондацијата Македонида од Скопје во партнерство со Музејот на Град Скопје...

Ликовниот уметник Вилсон Нето ја прикажува својата самостојна изложба – Превртена археологија Човекот кој игра помеѓу фактите и архетиповите – во Музејот на Град Скопје. Куратори на изложбата се македонско-францускиот куратор Гордана Велков и бразилско=германскиот куратор Алдонсо Паласио. Проектот беше имплементиран од фондацијата Македонида од Скопје во партнерство со Музејот на Град Скопје.

Проектот беше инспириран од археолошките артефакти од римскиот локалитет Скупи за којшто се грижи Музејот на Град Скопје. Вилсон Нето веќе подолго време се занимава со истражување на артефакти – детски играчки кои датираат од периодот на антиката. Изложбата вклучува 13 платна од голем формат од серијата Коментари од 2023, 32 дела сликани на хартија од серијата – Хомо луденс – како и 7 ликовни претстави на хартија инспирирани од играчките пронајдени на локалитетот Скупи.

Изложбата се отвора во Музејот на Град Скопје во четврток на 16 мај во 19 и 30 часот со поддршка на Министерството за култура и Германската амбасада од Скопје. Изложбата ќе трае до 29 мај 2024 година.