Горива

Нова цена на горивата од полноќ

13.05.2024 14:09

Согласно одлуката за 1,5 денари поевтинуваат бензините, додека за половина денар се намалува цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која горивата од полноќ поевтинуваат.

Согласно одлуката за 1,5 денари поевтинуваат бензините, додека за половина денар се намалува цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Од 14.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар), масло за горење Екстралесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар), mазут М-1 НС 44,007 (денари/килограм).