Божиќен Концерт - Бах и Виере за добротворни цели

09.12.2013 18:58

И оваа година, по повод католичкиот Божик, Италијанската амбасада - Скопје во соработка со Скопскиот Бискуп, го организира веќе традиционалниот концерт на инструментот орган, за добротворни цели. Концертот ќе се одржи во среда, 11 декември во 19 часот, во католичката катедрала во Скопје и е една од ретките можности во Македонија да се слуша музика на орган. Гостинка ќе биде познатата италијанска органистка Ливија Мацанти, која одржа сличен концерт пред две години, и тогаш во пресрет на католичкиот Божиќ.

Богатата музичка програма е во дијапазонот од Бах и Перголези , па до поновите дела како музиките на Кагел и Виере  – станува збор за богата музичка програма за орган, италијанска и европска. Како и секогаш, влезот е слободен, а оние кои сакаат ќе можат да дадат добротворни прилози како донација за Здружението на лица со церебрална парализа - Велес.

По повод оваа иницијатива, овозможена благодарение на спонзорите и соработката на млади волонтери, МРТ ќе го сними концертот кој ќе се емитува за католичкиот Божиќ.