„Мувинг Балканс“ прва платформа за современ танц на Балканот
„Мувинг Балканс“ е прва платформа за современ танц на Балканот чија цел е да се сплотат сите земји од регионот. Учесници од 13 земји ќе земат учество во проект кој трае 3 години...

Да се допре до младите во секој град, преку интерактивен разговор да се учат за толеранција, прифаќање на различностите, да разговараат за вистинските вредности. Проектот „Простор за разговор“ на уметникот и професор Рисима Рисимкин, во чиј фокус е родовата еднаквост, ќе се одржува во 6 градови низ земјава.
„Мувинг Балканс“ пак, е прва платформа за современ танц на Балканов чија цел е да се сплотат сите земји од регионот. Учесници од 13 земји ќе учествуваат во проект што трае 3 години.
„Концептот и идејата на овој прекрасен проект наречен „Мувинг Балканс“, е да ги сплоти танчерите од балканот и љубовта кон танцувањето. Да се изразуваме преку движењата на сцената без никакви граници. Најлесно се градат мостови на партнерства преку културата“, изјави Атанас Маев, учесник во проектот од Софија.
„Мувинг Балканс“ овозможува конектирање на младите сили во танцот, нови кореографии и танчери, за да се развива современата танцова сцена, велат уметниците.
Александра Спировска
