Македонија

Еколошкиот криминалитет се зголемува, потребни се специјализирани кадри за да се спречи

13.05.2024 16:05

Факултетот за безбедност од Скопје организираше тркалезна маса на тема „Криминалистички истраги за еколошки кривични дела во Република Северна Македонија“ со цел подобрување на состојбите за сузбивање на еколошкиот криминалитет...

Еколошкиот криминалитет се зголемува, предупредуваат инспекторите од Бирото за јавна безбедност. Но, за да се спречи потребно е специјализирани кадри да се едуцираат за оваа област, кои сеопфатно ќе ги водат криминалистичките истраги.

Универзитетските професори се подготвени да се воведе ваков оддел и да се унапреди ефикасноста во справувањето со еколошкиот криминал, кој е распространет и се појавува во многу различни форми.

Зајакнување на капацитетите во полицијата, обвинителството и судството, за да се согледаат одредени недостатоци и да се посочат евентуални предлози за подобрување на актуелната состојба, е задачата на која ќе работат сите институции до реализација, согласни се учесниците на тркалезната маса.

 

Марина Стојанова- Тонева