Штип

Симулација на европските парламентарни избори на УГД

13.05.2024 16:19

Делегацијата на ЕУ во Македонија традиционално организира едукативни настани за одбележување на Денот на Европа, поврзани со европското право и европските интеграции. Денес на Правниот факултет на УГД имаше симулација на европски парламентарни избори.

Европските парламентарни избори ќе се одржат од 6-ти до 9-ти јуни. Околу 400 милиони гласачи ќе бираат 720 членови на Европскиот парламент, но малите партии и таму тешко доаѓаат до пратеничко место, беше кажано на симулацијата на европските избори на УГД.

Беа споделени искуства и од изборниот процес во Италија за европарламентот. Средношколци од Кочани беа директно вклучени во работата на Европарламентот во Стразбур.

Европскиот парламент има законодавна, но и функција на политичка контрола и контрола на буџетот на Европа.

Славица Величковска