Меѓународен тим научници докажа дека туморите се стари 600 милиони години
24.06.2014 16:32
Откриено е постоење на природен тумор на женските полипи на хидрата (водни животни), коишто наликуваат на ракот на јајниците кај жените, вели Домазет Лошо, додавајќи дека проблемот е поголем отколку што се мислело...

Туморите се многу стара појава тврди меѓународниот тим научници предводен од хрватскиот еволуциски генетичар Томислав Домазет Лошо. Трудот кој беше денска представен пред јавноста е објавен во угледниот магазин „Nature Communication“, јавува ХРТ.
„Борбата против туморите беше ограничена, а доказот дека туморите се системска болест што настанала пред 600 милиони години, ни открива кон каде треба да гледаме и ни помага да поставиме нова стратегија за борба против нив“, изјави научниот советник на Институтот Руѓер Бошковиќ и доцент на Хрватскиот католички универзитет Томислав Домазет Лошо.
Откриено е постоење на природен тумор на женските полипи на хидрата (водни животни), коишто наликуваат на ракот на јајниците кај жените, вели Домазет Лошо, додавајќи дека проблемот е поголем отколку што се мислело.
Методот на геномска филостратиграфија, заеднички изум на Домазет Лошо и на германскиот еволуциски биолог Тодз Дитхард, предвидела постоење на стари тумори и покажува дека секој денешен жив организам во својот геном носи запис за својата еволуциска историја.
Посебно е интересно што матичните клетки на хидрата никогаш не престануваат да се размножуваат и кај нив нема појава на стареење како кај другите организми.
Соња Стојановска
