Здравство

Нови 15 случаи на голема кашлица, вкпно 553 до 9 мај

13.05.2024 17:03

Најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 14, а пријавен е и еден случај од Крива Паланка.

Нови 15 случаи на пертусис, или голема кашлица, се пријавени во периодот од 3 до 9 мај, од кои шест лица се хоспитализирани.

Најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 14, а пријавен е и еден случај од Крива Паланка. Најголем број случаи се од возрасната група до четири години, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен денеска.

Заклучно со 9 мај, во државава се регистрирани вкупно 553 случаи на голема кашлица. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Од ИЈЗ потсетуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територија на Скопје и Куманово.

Од 18 јануари до 9 мај, дадени се вкупно 45.715 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.