Македонија

ДИК прифати приговор за избирачко место во Желино

13.05.2024 18:51

Како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.

Државната изборна комисија на отворена седница ги разгледува 27-те приговори поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8-ми мај. Досега ДИК од поднесените приговори од коалицијата „Влен“ еден прифати, а еден отфрли.

Прифатениот приговор се однесува на за гласањето на избирачкото место 2102 во Желино. Како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.

За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.