Русија напредува кај Харков, расте црниот биланс во Белгород
Во тек се борби за Волчанск. Судири и во Часов Јар и блиските села во Доњецк.

Сменет командантот на украинската армија задолжен за фронтот кај Харков непосредно откако генералштабот на Украина соопшти дека Русија успеала да постигне тактички успех во регионот. Во тек се борби за Волчанск. Судири и во Часов Јар и блиските села во Доњецк.
„Одбранбените битки никогаш не се лесни. И тие секогаш стануваат потешки кога непријателот успева да го искористи стравот“, изјави претседателот Зеленски.
Во Белгород расте црниот биланс по украинскиот напад. Шефот на дипломатијата Лавров, изјави дека доколку западот сака да го реши украинскиот конфликт на бојното поле, Русија е подготвена.
„Борел рече дека се подготвуваме за конференција во Женева, таа ќе биде посветена на формулата Зеленски. Сите други иницијативи исчезнаа, рече тој, одлучувајќи за сите други. Затоа, ако западот сака да се бори на бојното поле, како што велат, тие се добредојдени“, нагласи рускиот шеф на дипломатијата, Лавров.
Путин го смени и Сергеј Шојгу од функцијата министер за одбрана и го назначи за секретар на Советот за национална безбедност. На негoво место доаѓа Андреј Белоусо.
Промената на министрите во новата влада се обид на Москва да ја преуреди економијата за да ги задоволи воените потреби- тврдат властите во Киев. Во истовреме, украинскиот шеф на дипломатијата Кулеба допатува во ненадејна посета на Србија, заедно со првата дама Зеленска.
