Свет

Продолжуваат протестите во Грузија, хаос пред парламентот

13.05.2024 19:36

Илјадници револтирани демонстранти се судирија со полицијата. Десетици се приведени.

Хаос пред грузискиот парламент откако предлог законот за странски агенти доби зелено светло, и тоа во отсуство на опозицијата која тврди дека не им било дозволено да влезат во објектот.

„Кој е за предложениот текст? Ви благодариме, мнозинството од присутните. Проектот е поддржан. Заврши седницата на комисијата“, рече Анри Оханашвили, претседател на правниот комитет.

Илјадници револтирани демонстранти се судирија со полицијата. Десетици се приведени.

„Она што сега го набљудуваме е типична Русија. Не само бруталноста на полицијата, туку и како се однесуваат пратениците“, изјави Гиорги Угулава, поранешен градоначалник на Тбилиси.

Со усвојувањето во парламентот се отвора патот за гласање за законот во Собранието оваа недела.