Сепаратистите во Каталонија го загубија мнозинството
Шпанската Социјалистичка работничка партија на премиерот Санчез ќе биде првата политичка сила во новиот состав на каталонскиот парламент.

Каталонските сепаратисти го загубија мнозинството во регионалниот парламент на изборите. Шпанската Социјалистичка работничка партија на премиерот Санчез ќе биде првата политичка сила во новиот состав на каталонскиот парламент.
Претседателот на Каталонија, Пере Арагонес, денеска најави дека ќе се повлече од политиката по катастрофалниот резултат на неговата партија на регионалните избори.
Социјалистите, пак, иако освоија најмногу гласови на вчерашните избори, не успеаја да освојат мнозинство за да формираат влада во развиениот автономен регион во североисточна Шпанија.
Арагонес, кој е лидер на Каталонија три години, денеска изјави дека неговата партија нема да ги поддржи социјалистите и им порача да се обратат за поддршка кај тврдокорната сепаратистичка партија Лов.
