Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

14.05.2024 07:58

Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи...

Претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.