Прифатени приговори на „Вреди“ и на ВМРО-ДПМНЕ
Прегласување ќе има во Охрид, во Крушево и во Желино. По извршеното пребројување за избирачкото место во Охрид, било утврдено дека записникот не е правилно пополнет, а имало и корекција во делот на гласачите внесени рачно...

Државната изборна комисија усвои три приговори на ВМРО-ДПМНЕ и еден на коалицијата „Вреди. Прегласување ќе има во Охрид, во Крушево и во Желино. По извршеното пребројување за избирачкото место во Охрид, било утврдено дека записникот не е правилно пополнет, а имало и корекција во делот на гласачите внесени рачно.
Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација. Во избирачко место во Желино пак, ДИК утврдило дека 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во уредот, туку гласале само со матичен број и со скенирање на личната карта.
За изборните резултати до ДИК беа поднесени 27 приговори – девет од коалицијата „Вреди“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. На разгледувањето на приговорите тензична атмосфера во ДИК.
