Фудбал – СП Бразил 2014

Костарика за прво место, Англија за чест!

24.06.2014 16:47

Во неочекуваната ситуација пред првиот меѓусебен дуел, Костарика со бод ќе го обезбеди првото место, а и со пораз може да биде најдобра во Групата Д, додека Англија ќе се обиде со прв триумф во Бразил да се прости од 14-то мундијалско учество.

Во неочекуваната ситуација пред првиот меѓусебен дуел, Костарика со бод ќе го обезбеди првото место, а и со пораз може да биде најдобра во Групата Д, додека Англија ќе се обиде со прв триумф во Бразил да се прости од 14-то мундијалско учество.

По победите против Уругвај и Италија, селекторот на Костарика, Пинто најверојатно ќе си дозволи луксуз да ги одмори напаѓачите  Кембл и Руиз. Претставникот на КОНКАКАФ зоната, вторпат ќе игра осминафинале, во 1990-та беше елиминиран од Чехословачка. Костариканците најавуваат дека нема да калкулираат бидејќи не можат директно да влијаат на следниот противник.

На девет од десет мундијалски мечеви, Костарика постигнувала барем по погодок, додека Англија на последните четири натпревари на шампионатите прими осум гола. Во катастрофалната статистика на „Гордиот Албион“ влегува и податокот дека на седум мечеви ја совладаа само Словенија пред четири години.

Откако Англија првпат на Светските првенства загуби во стартните два меча, селекторот Хоџсон ќе го промени речиси цел тим. Од дуелите со Италија и со Уругвај ќе преживеат само Кејхил и Стариџ. 66 – годишниот Хоџсон ја има довербата на Англиската федерација, па е убеден дека репрезентацијата има добра база за светла иднина и очекува младите фудбалери тоа да го докажат денеска во Бело Хоризонте.

Костарика – Англија директно на МРТ собранискиот сервис во 18 часот.