Стејт департмент: Охрабруваме за реформи за напредок на Македонија
Нашите заеднички цели за безбедност, просперитет и за целосна евроатланска интеграција остануваат, и САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во исполнувањето на тие аспирации, посочуваат од Стејт департментот...

Охрабруваме да продолжи дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија,велат САД. Нашите заеднички цели за безбедност, просперитет и за целосна евроатланска интеграција остануваат, и САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во исполнувањето на тие аспирации, посочуваат од Стејт департментот.
САД повикуваат на континуирани напори и реформи неопходни да се постигне напредок во пристапот и на полноправно членство на Северна Македонија во Европската унија, изјавија за Гласот на Америка на македонски јазик од прес-службата на Стејт департментот.
