Литија
Свечена литија денеска во село Тимјаник
14.05.2024 08:44
Светата икона ќе ја донесат монаси од Света Гора, а ќе ја пречека владиката на повардарската епархија г.г. Агата Ангел...

Во селото Tимјаник – неготинско ќе се одржи пречек на чудотворната икона Света Богородица брзопослушница која доаѓа од манастирот Дохијар од Света Гора.
Светата икона ќе ја донесат монаси од Света Гора, а ќе ја пречека владиката на повардарската епархија г.г. Агата Ангел.
Ќе се одржи свечена литија во 17 часот, ќе почне од влезот на село Tимјаник, а ќе заврши во црквата Пресвета Богородица во истото село. Ќе биде пречекана од голем број верници од целата држава.
