Бразил
Големи поплави во Бразил, загинати се 147 луѓе
14.05.2024 08:48
Најави дека утре ќе го посети погодениот регион од кој беа евакуирани над 600 илјади луѓе...

Новите обилни врнежи од дожд во Бразил повторно ги зголемија нивоата на реките во јужната држава Рио Гранде до Сул, заканувајќи се да ги влошат поплавите во кои веќе загинаа 147 луѓе.
Претседателот Лула Да Силва призна дека неговата земја не била подготвена за природната катастрофа.
Најави дека утре ќе го посети погодениот регион од кој беа евакуирани над 600 илјади луѓе. Се очекува ситуацијата дополнително да се искомплицира со доаѓањето на студениот фронт кој ќе предизвика пад на температурите-предупредува метеоролошката агенција Метсул.
