Украина

Блинкен во ненајавена посета на Киев

14.05.2024 08:49

На фронтот во Харков и натаму гори. Жестоки борби се водат во Волчанск. Конфликтот проширен и во селото Старица...

Американскиот државен секретар Блинкен пристигна во Киев во ненајавена дипломатска мисија со целосна поддршка за Украина додека се брани од сè поинтензивните руски напади. На фронтот во Харков и натаму гори. Жестоки борби се водат во Волчанск. Конфликтот проширен и во селото Старица.

Се евакуира населението и во областа Суми. Главната задача е да се спречи обидот на Русија да ја прошири војната-изјави Зеленски. И Москва, и Киев тврдат за соборени непријателски дронови.