Канада

Шумските пожари во Канада излегоа од контрола

14.05.2024 08:54

Следните 48 часа-огромен предизвик за одговорните власти наспроти прогнозите за силни ветрови. Наредена евакуација на илјадници луѓе...

Шумските пожари во Канада вон контрола. Огнената стихија се заканува да го пеплоса западниот град Форт Нелсон. Следните 48 часа-огромен предизвик за одговорните власти наспроти прогнозите за силни ветрови. Наредена евакуација на илјадници луѓе.

„На околу 4.700 луѓе им беше дадена наредба за евакуација поради шумскиот пожар на езерото Паркер. Следните 48 часа ќе бидат исклучително тешки. Можна е нестабилна активност на пожарот. Со оглед на зголемениот ризик во близина на Форт Нелсон, ги молам оние кои сè уште не се евакуирани да го сторат тоа“, изјави Бовин Ма, министерка за вонредни состојби на британска Колумбија.

Пожарот е еден од неколкуте шумски пожари во западна Канада кои се закануваат на заедниците во провинциите како Алберта и Манитоба. Сушата ги влоши пожарите.