Регион

Потсекретарката на Стејт департменот, Елизабет Ален доаѓа во посета на регионот

14.05.2024 09:04

Ален ќе ги нагласи основните демократски вредности кои САД ги споделуваат со луѓето од Западен Балкан и важноста да се работи заедно за заштита на слободните и отворени општества од злонамерно влијание.

Заменик-државниот секретар на САД за јавна дипломатија, Елизабет Ален ја започнала посетата на регионот, при што до 20 мај ќе ги посети Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

Како што се наведува во соопштението на Стејт департментот, главна цел на посетите е продлабочување на партнерството со земјите од Западен Балкан и унапредување на заедничките цели за регионална соработка и европска интеграција.

За време на разговорите, Ален ќе ги нагласи основните демократски вредности кои САД ги споделуваат со луѓето од Западен Балкан и важноста да се работи заедно за заштита на слободните и отворени општества од злонамерно влијание.

Ален во Скопје ќе се сретне со „експерти за странско малигно влијание“.