Македонија
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
14.05.2024 09:34
Неексплодирана рачна бомба вчера била пронајдена на улица во Демир Капија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК)...

Неексплодирана рачна бомба вчера била пронајдена на улица во Демир Капија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според Регионалниот ЦУК – Велес, вчера во 13.05 часот на 112, добиена била информација за пронајдено експлозивно неексплодирано убојно средство на улицата „Партизанска“ број 1 во Демир Капија.
– Од ЦУК веднаш се информирани ПС – Неготино и ДЗС – Неготино, ДЗС – Гевгелија. Во 16.15 часот, опасното неексплодирано убојно средство е безбедно подигнато, отстрането, од страна на пиротехничар, појаснуваат од ЦУК.
