Нови протести во Грузија против предлог-законот за странски агенти
Службата за државна безбедност ги обвини организаторите на протестите дека сакаат насилно да ја преземат власта и ги предупредија, граѓаните да не им се придружуваат...

Нови протести во близина на грузискиот парламентот додека пратениците расправаат за нацрт-законот за странски агенти пред конечното да биде изгласан во Собранието. Демонстрантите бараат владејачката партија да го повлече предлог-законот.
Службата за државна безбедност ги обвини организаторите на протестите дека сакаат насилно да ја преземат власта и ги предупредија, граѓаните да не им се придружуваат. Додаваат дека протестите се финансирани однадвор и планирале насилство против полицијата, заедно со кампања на граѓанска непослушност, слична на „обоените револуции“.
Претседателката на Грузија, Саломе Зурабичвили, ја објави својата намера да стави вето на контроверзниот закон.
