Кибербезбедноста преоритет на државите во светот
Управувањето со спектарот и мониторинг, сајбер безбедноста, технологиите и пристапот кон решавање на низа критични услуги за заштита на дигиталниот пејзаж се дел од темите на кои разговараат експертите на Меѓународната регулаторна конференција, што се одржува во Охрид во организација на Aгенцијата за електронски комуникации на Македонија...

Сајбер безбедноста е еден од најголемите предизвици на државите во светот. На овој план се повеќе се делува, бидејќи вештачката интелигенција сè почесто се користи за недобронамерни цели како што се: лажните повици, лажните интервјуа и вести и за закани.
За разлика од богатите земји кои се соочуваат со сајбер напади поради комерцијален интерес, нашата земја по влезот во НАТО главно се соочува со политички напади заради остварување на некои други интереси.
„Како мала држава мислам дека реално до некаде и добро се справивме со сите тие напади, особено сега за време на изборната кампања. Најавите беа дека ќе има напади и имаше ама за наша среќа и успех можам да кажам слободно, се изменаџира ситуацијата доволно добро“, изјави Јетон Акику-директор на АЕК.
Експертите велат дека мора да се развиваат методи за државите успешно да се борат со сајбер нападите, при што главна улога секогаш има човечкиот фактор.
Најголем проблем во регионот е да се сочуваат висококвалификуваните кадри од оваа област. Тоа може да се оствари само со зголемување на нивните примања, затоа што најуспешните заминуваат во високоразвиените земји поради високите плати.
Сашо Нелоски
