Пендаровски се откажа од претседателската пензија
Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од дел од државните бенефиции – нема да зема претседателска пензија и ќе се врати на професорската кариера...

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од дел од државните бенефиции – нема да зема претседателска пензија и ќе се врати на професорската кариера во „Американ колеџ“. Вакво ветување тој даде уште кога беше избран за претседател пред пет години.
Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки коишто ги прават.
Но, на Пендаровски и во иднина ќе му биде потребна административната и логистичката поддршка, за време на средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции. Поради тоа ќе се бара од државните институции повремено да се користи канцеларија.
Но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, тој најавува дека во иднина ќе го искористи правото да се отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности.
