Македонија

Разрешен медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија

14.05.2024 14:36

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на клиниката за токсикологија Данил Петревски...

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на клиниката за токсикологија Данил Петревски. Информацијата ја споделија вработените на Клиниката. Економската директорка Бесија Иљази и покрај жестоките критики кон неа од вработените ја задржува позицијата.

Од Министерството за здравство само кусо соопштија дека тој е разрешен поради „неправилности во работата“ без да се прецизираат за што точно станува збор, и кои членови од Законот тој ги прекршил.