Странски туристички водичи ја искривуваат вистината за македонската историја
Од Асоцијацијата на туристички водичи и придружници бараат Државниот пазарен инспекторат да ги санкционира странските туристички водичи кои нелегално работат во Македонија и ја искривуваат вистината за македонската историја...

Странски туристички водичи нелегално работат во Македонија и ја искривуваат вистината за нашата македонска историја. Од Асоцијацијата на туристички водичи и придружници бараат Државниот пазарен инспекторат да ги санкционира овие дејствија кои како што велат, претставуваат грубо кршење на Законот за туристичка дејност. Од Асоцијацијата се револтирани поради тоа што иако многупати досега побарале нелегалните странски водичи кои оперираат низ многу македонски градови да бидат санкционирани, инспекциските служби на инспекторатот не презеле ништо.
Македонија, со својата природа, богата историја и огромниот број на културно историски и археолошки споменици, кои датираат уште од античко време, претставува атрактивна дестинација за туристите од целиот свет. Од Асоцијацијата бараат надлежните да го спроведуваат законот, со цел тие достоинствено да ја вршат својата професија, а странските посетители веродостојно да ги чујат сите сведоштва за нашата македонска историја.
Марија Котовска
