Двојно убиство во скопско Стајковци, осомничениот е хоспитализиран
Едно лице загинало на лице место, додека другото им подлегнало на повредите и починало во болница...

Двојно убиство се случило денеска во скопското село Стајковци, а осомничениот извршител со повреди е хоспитализиран, потврди Министерството за внатрешни работи.
Едно лице загинало на лице место, додека другото им подлегнало на повредите и починало во болница.
„Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај 57 годишното лице, додека 64 годишното лице со повреди бил пренесен во Комплексот клиники Мајка Тереза каде што во 14 часот починал“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Полицајците од станицата во Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и 67 годишниот брат на починатите, со убодни рани, и засега постои сомнение дека тој е сторител на убиството.
Тој, исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош.
