Украина
Блинкен и Кулеба во Киев разговараа во пицерија
14.05.2024 20:34
Како познавач на пица како и повеќето Американци, мислам дека пицата овде е одлична. Топло ја препорачувам, рече Блинкен.

Министрите за надворешни работи на САД и Украина, Ентони Блинкен и Дмитро Кулеба денеска ручаа во Киев во пицерија на воени ветерани од војната со Русија.
Кулеба го пречека Блинкен на влезот во пицеријата, а ручекот потоа траел 40 минути. За тоа време, на влезот во ресторанот имало вооружени чувари.
Како познавач на пица како и повеќето Американци, мислам дека пицата овде е одлична. Топло ја препорачувам, рече Блинкен.
Ненадејната посета на американскиот државен секретар има за цел да го увери Киев за воената помош на Вашингтон, закочена неколку месеци поради споровите меѓу владата и опозицијата во американскиот Конгрес.
