БРИСЕЛ

Во Брисел нова рунда разговори меѓу Белград и Приштина

15.05.2024 08:34

Главна тема ќе биде изнаоѓање решение во врска со одлуката на Централната банка на Косово за употребата на српските динари...

Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на ниво на главните преговарачи ќе се одржи денеска во Брисел. Главна тема ќе биде изнаоѓање решение во врска со одлуката на Централната банка на Косово за употребата на српските динари. Ова е седма рунда од дијалогот на која ќе се разговара за забраната за користење на динарот на Косово.

Средбата доаѓа по преодниот период што го одреди Приштина за забрана за употреба на динари на Косово и откако земјата најави дека ќе бидат преземени мерки против сите кои користат валути освен евра за готовински трансакции. Претходниот состанок на крајот на април во Брисел заврши без конкретни резултати.