Економија

Почнува самитот „Македонија 2025“

15.05.2024 08:37

На самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористувањето на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во југоисточна Европа.

Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка за создавање просперитетни економии, се темите во фокусот на годинашниот самит „Македонија 2025“, што се одржува денеска и утре во Скопје.

На самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористувањето на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во југоисточна Европа. Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација, исто така ќе бидат дел од темите на самитот „Македонија 2025“. На отворањето на самитот ќе се обрати и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Во пресрет на Самитот, „Македонија 2025“ организираше предавања на високообразовни институции, работилници во коморите и во компаниите со совети како да растат бизнисите, како и средби со државни институции во областа на дигтализацијата, економијата и привлекување на инвестиции, како и со политичките партии.