Меѓународен ден

Одбележување на Меѓународниот ден на семејството на УКИМ

15.05.2024 08:52

Институтот за семејни студии на Филозофскиот факултет на УКИМ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на семејството 15 Мај...

Институтот за семејни студии на Филозофскиот факултет на УКИМ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на семејството 15 Мај кој е прогласен од Обединетите нации во 1993 година.

Настанот ќе го отворат раководителката на Институтот за семејни студии Ирена Авировиќ-Бундалевска, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев, претседателот на студентското собрание на факултетот Дамјан Бужарвски и Тања Јосимовска, одделенски наставник во ООУ „Лазо Ангеловски“-Скопје. Пред нивните обраќања, ќе има ликовна работилница со ученици од ова училиште.

Ќе бидат промовирани Протокол за обезбедување квалитет за семејна поддршка и студентското списание „VOX“.