Македонија

Саем на кариера на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје

15.05.2024 09:00

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ќе организира Саем на кариера во просториите на новиот објект во поранешната касарна „Илинден“...

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ќе организира Саем на кариера во просториите на новиот објект во поранешната касарна „Илинден“.

Како што соопшти Универзитетот, присуство на саемот потврдиле 22 компании.

На настанот е најавено да се обратат ректорот Изет Зеќири, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Менди Ќира и претседателот на Бизнис-конфедерацијата Миле Бошков.