Преполовен бројот на средношколци во Велес
Четирите средни училишта во Велес во трка по секој осмоодделенец. Слободни места има за илјада и 70 средношколци, а осмо одделение завршиле половина од нив. Во Велес, проблеми со паралелките ќе има и наесен, кога ќе се запишат помал број првачиња...

Половина од планираните средношколски столчиња во Велес ќе останат празни. Причина е намалениот број на завршени осмооделенци. По првиот уписен рок, директорите на средните училишта велат, добро е што скоро сите осмооделенци одлучија своето образование да го продолжат во Велес. Тие калулираат, блиску се до минималната бројка за опстојување на планираните паралелки,
„Се надеваме дека во двата уписни рока ќе ја зголемиме бројката и ќе ги формираме планираните паралелки“, рече Горан Јанков, директор на „Димитрија Чуповски“.
Во новата учебна година за прв пат ќе профункционираат спортските паралеки. Само тука успехот не е пресуден за упис.
„Се работи за ученици кои ги поминаа соодветните тестирања во Федерациите.Во гимназијата Кочо Рацин ќе има една паралелка ракомет и една фудбал“, рече м-р Сашко Андреев, директот на Гимназија „Кочо Рацин“.
По првиот уписен рок лидер по бројот на запишани ученици е средното Коле Неделкоски. 40 проценти од вкупниот број завршени осмооделнци одлучиле тука да го продолжат своето образование.
„Нашето училиште направи анализа на пазарот на трудот определи кои се образовните профили кои се најбарани и на учениците осмооделенци им ги понудивме токму тие профили“, изјави м-р Валентин Елисковски, директор на „Коле Неделковски“.
Според статистиката ништо поразлична нема да биде сликата и во септември кога во основните училишта ќе се пребројува колку првооделенци ќе го започнат своето образование. Експертите велат, проблемот со наталитетот во Велес најдобро се отсликува во образовниот процес.
Дијана Иванова
