Џафери во работна посета на Црна Гора
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска и утре, ќе биде во работна посета на Црна Гора, на Регионалниот самит на лидери во Котор...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска и утре, ќе биде во работна посета на Црна Гора, на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија“.
Во четврток, во 09:30 часот, премиерот Џафери ќе се обрати на панелот 1 насловен „Состојбата на терен и идните планови – нов план за раст“.
На панелот, покрај премиерот Џафери, ќе се обратат и Албин Курти, претседател на Владата на Република Косово, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Борјана Кришто, претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Оливер Вархеи, комесар за добрососедска политика и проширување на Европската комисија, а ќе се разговара за Планот за раст на Западен Балкан.
