Без струја делови од Чаир и Аеродром
Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните на Скопје дека поради реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа денес без снабдување со електрична енергија ќе останат корисници од Чаир и Аеродром...

Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните на Скопје дека поради реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа денес без снабдување со електрична енергија ќе останат корисници од Чаир и Аеродром.
Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без напојување ќе останат корисниците на дел од населбата на ул. „Дижонска“, ул. „Ѓорѓи Димовски „и дел од „Виковарска“ во општина Чаир.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците дел од населбата на ул. „Гаврил Константиновиќ“ во општина Аеродром.
