Македонија
Запален автомобилот на директорот на затворот КПУ „Идризово“
15.05.2024 09:20
Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил „пасат“ на Зоран Јовановски, директорот на затворот „Идризово“...

Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил „пасат“ на Зоран Јовановски, директорот на затворот КПУ„Идризово“. Настанот се случил на улицата „Михаил и Ефтихиј“, зад економското училиште, во скопската населба Кисела Вода.
Од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Пожарни возила го изгасиле запалениот автомобил.
Повеќе детали за инцидентот очекуваме од МВР.
