Косово
На Косово е запленето големо количество оружје
15.05.2024 09:30
Косовските власти конфискувале значителни количини оружје во северниот дел на земјата...

Косовските власти конфискувале значителни количини оружје во северниот дел на земјата, за кое претпоставуваат дека е оставено таму по нападот на 24 септември во селото Банска.
Генералниот директор на косовската полиција Газменд Хоџа рече дека полицијата добила информации за оружјето од граѓаните и од Косовската разузнавачка служба.
Хоџа прецизираше дека се одземени 1.500 парчиња муниција, 10 огнено оружје со долга цевка, 62 шок бомби, експлозиви, радио опрема.
