ГРУЗИЈА

Кобахиџе: Законот за „странско влијание“ е неопходен услов за интеграција во ЕУ

15.05.2024 09:37

Усвојувањето на законот за „странско влијание“ создава силни гаранции за долгорочен мир, тврди премиерот на Грузија, Кобахиџе...

Усвојувањето на законот за „странско влијание“ создава силни гаранции за долгорочен мир, тврди премиерот на Грузија, Кобахиџе. Според шефот на грузиската влада, законот е неопходен услов за интеграција во Европската унија.

Критичарите пак сметаат дека предлог-законот е закана од руски стил за слободата на говорот и аспирациите на земјата да се приклучи на европскиот блок.

Предлогот предизвика масовни протести во земјата и судири на демонстрантите со полицијата.